Насловна / Вести / Што е успехот на мисијата „Артемис II“: Враќање на човекот на Месечината и изградба на бази на Марс

Што е успехот на мисијата „Артемис II“: Враќање на човекот на Месечината и изградба на бази на Марс

Главната цел на мисијата на NASA, „Артемис  II“ не била слетување на Месечината, туку тестирање на се што е потребно за луѓето повторно да зачекорат на површината на Месечината. Успешноста на оваа мисија, отвора врата за многу планови. Четиричлениот екипаж на вселенското летало Orion, тргна на 01.04.2026 од Кејп Канаверал на Флорида во мисија која значеше патување околу Месечината за прв пат после 50 години. Два пати ја заобиколија Земјата пред да се упатат кон далечната страна од Месечината со што успеале да отидат подлабоко во вселената од било кој астронаут досега.

Во текот на своето патување тие испратија досега невидени делови од вселената, а очите на светот посебно беа фокусирани на видеопреносот на NASA. На крајот екипажот успешно се врати на Земјата, покажувајќи дека подолго вселенско патување со екипаж е дефинитивно можно. Ова патување се дефинира како клучен хардверски тест за обид за слетување на Месечината кое е планирано за до крајот на оваа деценија, што ќе биде првото слетување на лунарната површина по „Аполо 17“ на крајот на 1972 година. Во текот на 10 – дневното патување проверена е навигацијата, тестирани се системите за одржување во живот, а астронаутите и членовите на мисијата вежбале и процедури во случај на дефект. Симулирале ситуација на губење комуникација и проблеми со системите.

NASA настојува да реализира слетување на Месечината со екипаж пред Кина, која има намера да испрати сопствен екипаж околу 2030 година. Агенцијата има за цел да воспостави долгорочно присуство на Месечината како значаен чекор за истражување на Марс и изградба на планираните бази на оваа планета. „Артемис III“ е наредната вселенска мисија за која е најавено дека наскоро ќе биде објавен и составот на екипажот. Оваа мисија е планирана за следната година. По реализацијата и на оваа мисија, NASA би требало да се обиде да ги спушти астронаутите на површината на Месечината, што би можело да се очекува со мисијата „Артемис IV“.

Испрати коментар

Scroll To Top