Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Шест милиони евра за инвестиции во енергетска ефикасност од Охридска банка и ЕБОР

Шест милиони евра за инвестиции во енергетска ефикасност од Охридска банка и ЕБОР

piggy-bank-cfl
Шест милиони евра ќе бидат вложени за подобрување на енергетската ефикасност, преку кредитна поддршка од Охридска банка и Европската банка за обнова и развој. Претседателот на Управниот одбор на Охридска банка Сосиете женерал, Јитка Пантучкова, истакна дека со овие средства ќе продолжи поддршката на Охридска банка на малите и средните претпријатија. „Четири години наназад нашиот раст во кредитирањето на малите и средните претпријатија е над просекот во банкарскиот сектор. Со кредитните програми на ЕБОР, ја потврдуваме нашата подготвеност за одржување на зголемениот пораст на домашната побарувачка за кредитирање и новите деловни можности на пазарот“, истакна Пантучкова.

Испрати коментар

Scroll To Top