Насловна / Архитектура / Се продава највисоката зграда во Њујорк

Се продава највисоката зграда во Њујорк

Најпознатата зграда во Њујорк, а можеби и во целиот свет, Chrysler Building од неодамна се наоѓа на пазарот со недвижности, но нејзината цена се уште не е позната.

Познатата зграда која е дизајнирана од страна на американскиот архитект Вилијам Ван Ален, е ставена на пазарот од страна на агенцијата за недвижности и инвестициската агенција CBRE, но пазарната цена не е објавена. Според Wall Street Journal единствено што засега е познато е дека Владата на Обединетите Арапски Емирати објавила дека сака да ја продаде зградата.

Chrysler-Building-na-prodaju-01-782x1173

 

Од 2008 година, познатата Крајслер зграда е во сопственост на инвестицискиот фонд Абу Даби, кои ја купиле за 800 милиони долари.

Архитектонскиот критичар Пол Голдбергер укажува на тоа дека идеално сценарио би било препознатливата Крајслер зграда да биде претворена во една станбена зграда.

Зградата Крајслер била изградена меѓу 1928 и 1930 година за американскиот производител на автомобили Крајслер. Нејзината препознатлива форма е карактеристична по врвот, кој стана симбол на Њујорк. Оваа зграда е една од најпознатите примери на арт деко архитектурата, препознатлива со примена на геометриски мотиви. Во случајот на зградата на Крајслер, тоа најчесто беше прикажано на самиот врв од зградата каде може да се видат прозорци со три листови и седум заоблени елементи.

Chrysler-Building-na-prodaju-02-782x520

Објектот служел како претставништво на Крајслер во периодот од 1930 до средината на 50-тите години. Со своите 319 метри и 77 спрата зградата Крајслер продолжува да биде највисоката зграда во светот, која има челична структура и пополнување на тули. Фасадата во долниот дел е обложен со комбинација од полиран црн гранит и бел мермер, а на повисоките нивоа на црно и бело направени од мермер или тула.

krajslerova-zgrada-chrysler-building

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top