Насловна / Вести / Рамбо Амадеус: 10 еколошки заповеди

Рамбо Амадеус: 10 еколошки заповеди

Луѓето мораат радикално да го сменат однесувањето кон животната средина со цел да ја запрат катастрофата која се очекува. Една од главните пораки од 36-тата трибина „Не е филозофски да се молчи (Nije filozofski ćutati) под името „Од загадување до уништување – човекот, природата и одговорноста“ (Od zagađenja do uništenja – čovek, priroda i odgovornost) одржана на Филозофскиот факултет во Белград. Свој придонес кон таа промена дал и музичарот Рамбо Амадеус, со своите 10 еколошки заповеди. Рамбо Амадеус зборувал дека е најважно луѓето да ја сменат етиката.

ekoloski1

ekoloski2

„Колку и да предвидел Мојсеј некои работи, тој сигурно не го предвидел загадувањето, бидејќи тогаш сигурно еден од неговите заповеди би бил „не загадувај“. Како свој придонес во борбата за заштита на животната средина, Рамбо Амадеус подготвил предлог инспириран од 10-те Божји заповеди, односно 10 еколошки заповеди.

ekoloski3

  1. Земјата е твој дом и немаш друга куќа освен неа.
  2. Служи му на знаењето, науката и на генерациите кои не се родени.
  3. Одмори се себеси и земјата на која живееш, одморот е неопходен циклус во функционирањето на луѓето и природата околу нас.
  4. Почитувај го својот народ, и не ја намалувај шансата за негов опстанок со своето дејствување.
  5. Не убивај, се околу тебе е живо – од грутката земја до пчелата.
  6. Не врши прељуба, тку љуби го ближниот свој и земјата по која одиш и од која се храниш и опстојуваш.
  7. Не кради ниту од своите современици, ниту од природата, ниту од потомците.
  8. Не користи непроверени порадоци.
  9. Не трчај по профит, нема да имаш кога да го потрошиш заработеното.
  10. Џабе ти е да сакаш, ништо туѓо не можеш со себе во гроб да однесеш.

Испрати коментар

Scroll To Top