Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Работилница за енергетска ефикасност во Скопје

Работилница за енергетска ефикасност во Скопје

green-energy
Со цел зголемување на свеста за имплементација на мерки за енергетска ефикасност во работењето на компаниите и запознавањето со новите трендови во оваа област, вчера во Скопје се одржа работилницата „Поголема ефикасност и конкурентност на компаниите преку примена на енергетска ефикасност“.

На работилницата, што е дел од Платформата за енергетска ефикасност, заедничката долгорочна иницијатива на Министерството за економија и ЕВН Македонија, учествуваа претставници од над 100 компании, експерти од академската заедница и претставници од институции кои финансираат проекти за воведување на енергетската ефикасност во работењето на компаниите.

Испрати коментар

Scroll To Top