Насловна / Вести / Пронајдена временска нацистичка капсула од 1934 година

Пронајдена временска нацистичка капсула од 1934 година

Во полскиот град Злочењец, кој во текот на Втората светска војна делумно и припадна на Германија, пронајдена е нацистичка временска капсула која датира од 1934 година, јавува порталот Inedependent.

Капсулата ја открил археолог кој со години знаел дека постои, но не можел да дојде до неa. Капсулата пред осумдесетина години била закопана на градилиштето Орденсбург Кросинсе, кое било едно од трите изградени едукациски центри на Националсоцијалистичката германска работничка партија.

Истражувачите морале да пронајдат начин да поминат низ подземни води и дебел слој од цемент за да дојдат до капсулата, а притоа да ги заобиколат германските рудници.nazitimecapsule

Доктор Марцин Петерлајнтер изјавил дека предметите во капсулата се совршено зачувани.

Во капсулата имало фотографии, меѓу останатите, и на Адолф Хитлер, две копии од неговата книга „Мојата борба“, кованици кои се наоѓале во коверти и промо материјали со информации за Фалкенбург, германски назив за градот Злочењец.naci-kapsula

Предметите моментално се наоѓаат во Националниот музеј во Счечин, а материјалите ќе бидат преведени и конзервирани пред да бидат достапни за јавноста.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top