Насловна / Екологија / Презентиран извештајот „Зелен раст“ на Светска банка

Презентиран извештајот „Зелен раст“ на Светска банка

GG-Logo-HD
Македонија, како и многу држави, веќе се движи во насока на „озеленување“. Главните елементи на патеката на зелениот раст се протегаат низ сите сектори, со особен акцент на водите, земјоделскиот сектор, надминување на предизвиците за приспособување на менувањето на климата, енергетиката и транспортот.

Ова се наведува во извештајот „Зелен раст“ на Светска банка, која одбележува 20 години од работењето во Македонија.

На презентацијата се обрати и вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, кој истакна дека Светска банка е еден од најважните партнери на Македонија. „Изминатите 20 години, Светска банка претставуваше витален извор на финансиска и техничка поддршка за нашата држава, поттикнувајќи го развојот на повеќе сектори“, подвлече вицепремиерот.

Владата подготви и усвои Национална стератегија за одржлив развој во 2010 година.

Испрати коментар

Scroll To Top