Насловна / Вести / Почнува кампањата „Му требаш на ГТЦ“

Почнува кампањата „Му требаш на ГТЦ“

mu trebas na gtc

Граѓанската иницијатива „Го сакам ГТЦ“ од денес ја почнува кампањата „Му требаш на ГТЦ“. „Целта ни е“, како што велат организаторите, „да мотивираме што поголем број граѓани да се приклучат кон идејата за заштита на автентичниот изглед на ГТЦ“.

„Ние искрено го сакаме ГТЦ кој претставува наше непроценливо културно наследство. ГТЦ е срцето на градот и чувар на многу спомени. Тој е архитектонско ремек-дело што мора да биде модернизирано и надградувано во оригиналниот стил и изглед. Ги повикуваме сите што ги делат истите ставови и чувства за Градскиот трговски центар, да се приклучат и директно да дадат придонес во реализација на нашата цел!“, се вели во денешната објава на фејсбук-страницата на Граѓанската иницијатива „Го сакам ГТЦ“.

На фејсбук-страницата е поставен и линк на којшто може да го пополните формуларот за активисти и волонтери.

 

Испрати коментар

Scroll To Top