Насловна / Вести / Почна обновата на опожарените конаци на Трескавец

Почна обновата на опожарените конаци на Трескавец

Почна обновата на опожарените конаци на манастирот Трескавец. Изведувач на градежните работи е српската фирма „Кото“.

Mинистерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, изјави дека ресорното министерство за обновата на конаците одвоило два милиони евра. „Овде конаците ќе се изградат според проектот оти Трескавец е споменик на културата од највисок ранг. Рокот е три години. Се договоривме и за уште еден друг пристап до манастирот за камионите, за непречено изведување на градежните работи. Од фирмата „Кото“ велат дека ќе се потрудат да ги забрзаат градежните работи и да ги изградат конаците според сите стандарди“, истакна Канческа-Милевска.трескавец_2

Паралелно, прилепскиот Завод и музеј работи на проектите за црквата, магерницата и трпезаријата кои датираат од 13 век.

Реконструкцијата на целиот манастирски комплекс треба да се заврши до 2018 година.трескавец_1

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top