Насловна / Вести / Охрид SOS – прогласување мораториум на градење на охридското крајбрежје

Охрид SOS – прогласување мораториум на градење на охридското крајбрежје

До нашата редакција стигна соопштение од Охрис ЅОЅ и здружението Стар Лагадин во кое се вели дека на денешната седница на Советот на општина Охрид ќе побараат прогласување мораториум на градење на охридското крајбрежје. Во целост Ви го пренесуваме соопштението.

лаг2
Денес, 27 јули, за време на седницата на Советот на Општина Охрид, почнувајќи од 10.30 часот, граѓанската иницијатива Охрид SOS и здружението Стар Лагадин, заедно со граѓани и активисти за заштита на Охрид и охридскиот регион, револтирани од фактот што градоначалникот и Советот на Општината упорно ја заобиколуваат препораката на УНЕСКО за прогласување мораториум на градење на охридското крајбрежје сè до донесување на соодветна планска документација во согласност со стратегија за негов одржлив развој, ќе побараат прогласувањето на мораториумот да биде итно спроведено од страна на Општината.
Иако на охридскиот регион му се заканува сериозна опасност да го загуби статусот светско наследство на УНЕСКО, ниту градоначалникот на Охрид, ниту Советот на Општина Охрид, на ниту една од до сега одржаните седници на Советот, воопшто не се имаат осврнато на задолжителната препорака бр. 6 од Извештајот на Реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО преточена во точка 7 од одлуката бр. 7B.34 усвоена на 41 седница на Центарот за светско наследство на УНЕСКО во Краков, Полска.
Граѓанската иницијатива Охрид SOS и Здружението Стар Лагадин побараа од Градоначалникот на Општина Охрид на дневниот ред за утрешната седница на Советот да се најде и барањето на граѓаните за поништување на Општиот акт за село Лагадин со кој незаконски се овозможи девастирачка урбанизација на овој дел на крајбрежјето. Исто така беше побарано од градоначалникот итно да издаде решение за отстранување на незаконската градба на катастарска парцела бр. 2696/1 во сопственост на Никола Толески од с. Пештани.
Запирањето на непланската урбанизација до донесување на целосна и соодветна планска документација за регионот во склад со неговите извонредни универзални вредности е нешто што е нужно да го направи секоја одговорна партија на власт. Ако сакаме да прекине иселувањето на млади квалитетни кадри од регионот мора да се посветиме целосно и бескомпромисно на негово правилно и правично управување.

лаг1

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top