Насловна / Вести / Обезбедени средства за изградба на пречистителна станица во Скопје

Обезбедени средства за изградба на пречистителна станица во Скопје

Tретманот на отпадните води од градот Скопје ќе биде трајно решен со изградба на пречистителна станица, со што ќе се намали загадувањето на реката Вардар и ќе се подигнат стандардите за заштита на животната средина. Владата на последната седница ги усвои законите за финансирање на проектот и ги проследи до Собранието.

Имплементатор на проектот ќе биде ЈП „Водовод и канализација” – Скопје во соработка со градот Скопје, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за финансии. Изградбата на пречистителната станица треба да започне во 2020 година.

vardar

За реализацијата на овој инфраструктурен зафат ќе се обезбедат 68 милиони евра од Европската инвестициска банка (ЕИБ), 58 милиони евра од Европската банка за обнова и развој и неповратни средства од ЕИБ во висина од 10 милиони евра, информираат од Министерството за финансии.

Проектот вреден 136 милиони евра ќе го изведува ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје во соработка со градските власти. Владата во наредниот период ќе се обиде да обезбеди дополнителни грантови за изградба на пречистителната станица, со што би се намалило кредитното задолжување за реализација на проектот.

“Третманот на отпадните води од градот Скопје ќе биде трајно решен со изградба на пречистителна станица, со што ќе се намали загадувањето на реката Вардар и ќе се подигнат стандардите за заштита на животната средина“, се наведува во соопштението на Министерството за финансии.

vardar1

Пречистителната станица за отпадни води ќе биде лоцирана во Трубарево, на левиот брег на реката Вардар. Предвидено е таа да ги третира отпадните води на над 500.000 жители од главниот град. За проектот веќе е изработена физибилити студија, која што беше финансирана од француската влада.

Овој еколошки проект ќе овозможи третман на урбаните отпадни води согласно ЕУ стандардите.

Еден коментар

  1. Konecno nesto vistinsko EKOLOSKO za spas na Skopje i da izlezeme od 19 vek. Ama da bide.sto poskoro…

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top