Насловна / Вести / Нов живот за градежниот отпад: Плочи кои го менуваат пристапот кон градењето

Нов живот за градежниот отпад: Плочи кои го менуваат пристапот кон градењето

Наместо напуштените и срушени објекти да завршуваат како неискористен отпад, истражувачи од Италија се обидуваат нивните остатоци да ги претворат во основа за нова генерација градежни материјали. Тимовите од Универзитетот во Каљари и Политехничкиот универзитет во Милано, развиле одржлива алтернатива на класичните конструкциони плочи, користејќи рециклиран градежен шут како замена за природните агрегати.

Називот на проектот Steel And Recycled Concrete Slab (SARCOS) се однезува на композитни подни плочи кои комбинираат рециклиран бетон и профилирани челични лимови со висока цврстина. Целта на истражувачите била да покажат дека градежниот отпад е добиен со рушење на објектите може да се користи за производство на елементи кои според перформансите не заостануваат зад стандардните решенија. Во текот на испитувањата во полна величина анализирани се плочи со различен удел на рециклиран бетон – од 30% до дури 100%. Резултатите покажале дека зголемувањето на количината на рециклиран материјал не довело до намалување на конструктивните перформанси. Во одделни случаи забележени се дури и подобрувања.

Еден од клучните мотиви за развој на овој систем е се поизразениот глобален проблем со експлоатацијата на песок. Градежната индустрија за производство на бетон не користи пустински песок, бидејќи неговите зрна се премногу мазни и не овозможуваат соодветно врзување. Наместо тоа, највеќе се експлоатираат речните и алувијалните наноси со поостри гранули погодни за бетон. Таквата пракса довела до интензивно вадење на песок од речните корита, што изразува дестабилизација на бреговите и нарушување на водените екосистеми. Поради тоа, истражувачите сметаат дека замената на природните агрегати со рециклиран градежен материјал може значајно да го намали негативното влијание на индустријата врз животната средина.

SARCOS проектот се базира на принципите на циркуларната економија, каде градежниот отпад се враќа во производниот циклус и станува ресурс за нови објекти. Иако рециклираниот бетон веќе се користи во различни делови од светот, истражувачите истакнуваат дека новината е токму во начинот на комбинирање на овој материјал за добивање на цврсти композитни плочи. Посебен акцент е ставен на можноста за целосно рециклирање по завршувањето на животниот век на производот. Челичните елементи можат повторно да се истопат и употребат, додека рециклираниот бетон се враќа во нов производен процес, со што се затвора одржливиот циклус на користење на материјалите.

Резултатите од истражувањето се објавени во стручниот часопис Materials and Structures, а авторите сметаат дека ваквиот пристап би можело да претставува одржлив правец за идниот развој на градежната индустрија, со помала зависност од природните ресурси и зачувување на потребната конструктивна сигирност.

Испрати коментар

Scroll To Top