Насловна / Архитектура / Најубавите куќи се во Латинска и Средна Америка – Ocean Eye House во Костарика

Најубавите куќи се во Латинска и Средна Америка – Ocean Eye House во Костарика

Дрвените ѕидови може да се преклопат од предната страна на оваа куќа на брегот на Костарика, отворајќи за спалните соби и просторите за живеење поглед на океанот.

8

Ocean Eye House е проект на архитект од Сан Хозе, Benjamin Garcia Saxe, за семејство кое купило локација на западниот раб на полуостровот Никоја, свртен директно кон Тихиот океан.

9

Ентериерот е проектирана како серија меѓусебно поврзани тераси кои обезбедуваат различни погледи на пејзажот додека станарите се движат низ куќата.

7

Преклопните паравани што се користат за одвојување на просториите од терасите може целосно да се отворат за да се подобри врската помеѓу двете нивоа на куќата.

6

„Чувствуваме дека понекогаш современиот тропски дизајн е или премногу клинички, премногу рустикален или едноставно неоригинален“, вели Garcia Saxe за Dezeen. „Се обидуваме да најдеме начини одговорно да се мешаме во природниот пејзаж и гледаме напред, додека учиме од минатото како да користиме здрав разум за да ја намалиме потрошувачката на енергија преку природна вентилација“, додава.

4

Архитектот ја вгнездил зградата на страната на еден рид. Волумените обвиени во падината на теренот пружаат сместување на интимните простори вклучувајќи спални соби и бањи.

Но, како што куќата се оддалечува од ридот, просторите преминуваат во поотворени простории. Овие простори се содржани во лесна конструкција од челик и дрво, која е поддржана од кружни столбови.

3

„Проектот има интересна рамнотежа помеѓу природните и модерните материјали, како и просторна конфигурација која всушност никогаш не е навистина внатре или надвор“, изјави Garcia Saxe за Dezeen.

Во приземјето, отворена кујна и трпезарија се протегаат на терасата покрај базенот. Бетон се користи за подовите на овој функционален простор, како и за работните плочи и кујнскиот остров.

5

Скалте поствени над отворот на подот исполнет со камен се искачуваат до покриениот простор што ги поврзува спалните соби на горниот кат.

Пространите тераси, исто така, пружаат совршено место од кое може да се гледа океанот и вечерните зајдисонца.

2

Исфрлениот кров од долната страна обложен со дрво ги засолнува просториите и создава обединувачка карактеристика што ги поврзува сите простори.

Транспарентен поликарбонат покрива светлосен отвор што се протега низ првиот кат до трпезаријата подолу.

10

1

 

Испрати коментар

Scroll To Top