Насловна / Вести / Наместо Град Скопје, Општина Центар ќе издава одобренија за поставување тераси

Наместо Град Скопје, Општина Центар ќе издава одобренија за поставување тераси

Издавањето одобренија за поставување тераси на кафулињата на јавна површина, врз основа на елаборати за поставување урбана опрема, кои досега ги издаваше Град Скопје, ќе го преземе Општина Центар . Ова се однесува за дел од подрачјето на Центар за период до 2025 година.

Одлуката ќе важи за кафулињата и кафаените во Мал ринг, Дебар Маало и во Градски парк.

Општината ќе има право да одредува каде е дозволено, а каде не е дозволено да се поставува урбана опрема. Локалите за тераса пред локалот ќе треба да имаат дозвола од 50 отсто од станарите на зградата. На површината каде ќе се поставуваат маси и столици че треба да има слободна проодна површина од 2,5 метри почнувајќи од работ на тротоарите или велосипедските патеки. На оние тротоари каде има дрва, столбови или друга опрема, просторот за пешаци не треба да биде помал од 1,2 метри.

оц_resize

„Веќе подолг период, Општината е одлучна да воспостави ред со поставувањето времени објекти и урбана опрема на својата територија. Сликата на терен покажува дека досегашните решенија биле избрзани, паушални и несоодветни. При поставување урбана опрема досега се окупирал јавен простор. И покрај тоа што постојат широки тротоари и дрвореди, неконтролираното и несоодветно поставување урбана опрема од секаков вид го наруши изгледот на просторот и ја уназади употребата на јавниот простор од граѓаните. Јавните површини наместо да бидат шеталиште за граѓаните се непроодни зони за пешаците и велосипедистите. Затоа, ја носиме оваа одлука со која ќе се унапреди јавниот простор и ќе се подобри неговото користење“, се вели во образложанието на градоначалникот Саша Богдановиќ доставено до Советот на Општина Центар.

оц1_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top