Насловна / Градежништво / Намален бројот на издадени дозволи за градби

Намален бројот на издадени дозволи за градби

namalen broj na dozvoli za gradenje
Во јануари годинава издадени се вкупно 140 одобренија за градење, од кои 102 се на физички лица, а 38 на деловни субјекти. Од вкупно издадените одобренија најмногу 45 се во Скопскот регион.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари годинава е забележан пад од 22,7 отсто на издадени дозволи за градба во однос на овој месец претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.458.386 илјади денари што е за 47,4 отсто повеќе во однос на јануари претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 113 (80,8 отсто) се наменети за објекти од високоградба, 17 (12,1 отсто) за објекти од нискоградба и 10 (7,1 отсто) за објекти за реконструкција.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 632 станови со вкупна корисна површина од 43.778 м2.

Испрати коментар

Scroll To Top