Насловна / Архитектура / Млекарница со фасада што менува бои и најнова технологија

Млекарница со фасада што менува бои и најнова технологија

Австралиското студио Bosske Architecture дизајнираше нов индустриски комплекс за производство на млеко во западниот дел на оваа земја. Bannister Downs е фамилијарна млекарница во која се одгледуваат крави, а потоа се врши преработка, флаширање и пакување на млекото и млечните производи и тоа на самото место, а со ова објектот станува единствениот од овој вид во светот.

farma2

Во комплексот се сместени простории за административен персонал и земјоделски работници, потоа кафуле и централна област, како и изложбена галерија, образовни објекти и комплетна производна фабрика со штала. Овој дел од комплексот е опремен со state-of-the-art роботизирана опрема за молзење и понатамошна обработка на млеко.

farma3

Внатрешноста на комплексот е дизајниран како линеарна низа од соби, почнувајќи од главната млекарница на северната страна, па се до влезот за товарање на југ.

Што се однесува до визуелниот идентитет, комплексот го задржал својот карактеристичен рурален изглед, додека функционално е поделен на производство, административен и дел за гости. Сепак, сите овие зони ја поврзуваат доминантната црвена фасада на елоксирани алуминиумски панели.

Интересно е тоа што фасадата, поради материјалот од кој е направена, менува бои во текот на денот, почнувајќи од темно црвена, преку пурпурна, до златни нијанси.

Проектот е дизајниран да ги потенцира иновациите во полето на производство на млеко, а сопствениците имаат намера да ја отворат вратата за оние кои се заинтересирани да научат нешто за млечните производи и да ги одгледуваат кравите.

farma

Главната идеја на која се заснова концептот на млекарницата е дека кравите се молзат само тогаш кога тие сакаат, а машините за роботично молзење ја обезбедуваат оваа услуга 24 часа на ден. Покрај тоа, машините го анализираат здравствениот статус на кравите.

Во прилог на паметни машини за молзење, во производниот погон е инсталиран систем за автоматско собирање, складирање и повторна употреба на вода. Кровот е покриен со соларни панели со моќност од 100 kW.

farma1

Една од главните карактеристики на Bannister Downs е транспарентноста во бизнисот, што треба да се нагласи со иновативниот дизајн на комплексот. Тука, секој дел од комплексот е апсолутно достапен и видлив, а гостите, исто како и вработените во компанијата, можат слободно да се движат низ сите свои зони. Млекото, се разбира, ги исполнува сите технички и правни барања за преработка на храна.

farma4

Испрати коментар

Scroll To Top