Насловна / Вести / Минатото, сегашноста и иднината на Чернобил

Минатото, сегашноста и иднината на Чернобил

Сите знаат каков немил настан ја обележа историјата на Чернобил, но треба да се знаат и плановите за неговата иднина.

Експлозијата на нуклеарната централа во Чернобил се случи на 26 април 1986 година, и овој настан предизвика смрт на голем број луѓе. Покрај ширењето на радиоактивниот облак низ Европа, несреќата доведе до неможност за живот во радиус од 30 километри околу централата.

Cernobil

На 33-годишнината од оваа нуклеарна катастрофа, лансирањето на HBO мини-серијата, Чернобил, стана неверојатен телевизиски хит. Затоа, сега може да биде добро време да се погледне во минатото, сегашноста и иднината на Чернобил, во кој во моментов се гради еколошка постројка.

Нуклеарната централа Ленин била изградена помеѓу 1970 и 1977 година и се наоѓала околу 100 километри северно од Киев. Оваа електрана е првата нуклеарна централа во Украина и се состоела од четири реактори, а плановите да се изградат уште два реактори се стопирани по несреќата што се случи во 1986 година.

Cernobil1

Заедно со изградбата на комплексот електрани изграден е и градот Припјат во кој беа сместени работниците и нивните семејства. Во овој град живееја повеќе од 13.000 луѓе, имало голем број на училишта, болници, а целиот град бил во духот на Советската модернистичка архитектура. Овој индустриски град е евакуиран по катастрофа и останува празен до денес.

Cernobil2

Со текот на времето, се развиваа две сосема различни читања на урбаниот пејзаж во Чернобил и Припјат. Во Чернобил се тежнеело да се заштити демонтираниот нуклеарен реактор, што резултираше со изградба на најголемата мобилна челична конструкција во светот. Овој челичен саркофаг, кој е толку голем што може под него да се стави Статуата на слободата или два Боинг 777, чини 1,7 милијарди долари и беше завршена неодамна.

Cernobil3

Но, градот Припјат демонстрира контрапункт каде што, како резултат на целосното отсуство на човекот, урбаниот и природниот пејзаж сега е целосно испреплетен. Зградите се прекриени со трева и дрвја, а единствениот доказ за повремени престои на луѓето се гледа во графитите, како и во грабежите на прозорците и каблите. Денес овој град стана центар на големи интриги, бидејќи сликите на напуштениот град може да се видат низ социјалните мрежи, како и телевизиските програми.

Cernobil4

Иако нуклеарната катастрофа ја направи оваа област премногу опасна за животот на луѓето и земјоделските активности, иднината на Чернобил содржи призвук за оптимизам. На местото каде што некогаш постоеше првата нуклеарна централа Украина, наскоро ќе биде изградена првата соларна централа во оваа земја.

Cernobil5

На само 100 метри од епицентарот на катастрофата, инсталирани се над 3.800 соларни панели поставени на бетонска база. Новата фабрика ќе се користи некои делови од инфраструктурата на поранешната централа, но со нив ќе се управува со далечинско од Германија, со цел да се намали колку што е можно повеќе врската на луѓето со оваа се уште многу опасна зона. Кога ќе биде пуштен во работа, соларната фабрика ќе снабдува 2.000 домови, а плановите за иднината покажуваат дека оваа постројка ќе произведува повеќе електрична енергија отколку уништениот реактор 4.

Cernobil6

Во меѓувреме, Припјат добива туристичко значење, па се почесто се организираат посети на овој град кои можат да траат најмногу до два часа заради зрачењето кое се уште е присутно. Посетителите можат да го видат градот заробен во минатото, неговите спектакуларни архитектонски знаменитости, како што е точка во поранешниот забавен парк.

Повторното раѓање на Чернобил како соларна централа е секако позитивна приказна за иднината на архитектурата и човештвото.

Cernobil7

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top