Микро стан во Париз е вистински пример за мал простор за живеење, бидејќи има само 25 квадратни метри. Кога имате толку мал простор на располагање, мора да бидете многу имагинативни, а проектантскиот тим од студиото „Transition Interior Design“ смислило одлично решение – преграден ѕид во форма на полица за книги.

Живеењето во големите градови во светот сè повеќе значи мал простор за живеење, особено ако сакате да живеете во урбани средини каде што сè е блиску и достапно. Ќе мора да жртвувате нешто, а тоа најчесто значи некој квадратен метар помалку. Но, постојат бројни ентериерни решенија и идеи што ги прават малите станови целосно функционални.

Два проблема – едно решение
Со користење на полица за книги како преграден ѕид, проектантите решиле два главни проблеми во овој стан. Одговориле на барањето на клиентот да имаат вистински функционален кревет, наместо опцијата да имаат нешто што може да се расклопи и тој дел да биде физички одвоен од остатокот од станот. Друга работа што е решена на овој начин е просторот за складирање, бидејќи на оваа голема полица можат да се сместат многу книги и други лични предмети.

Инспирација од Африка
Од Transition Interior Design за „Treehugger“ објаснуваат дека овој стил на ентериер често може да се види во делови од Северна Африка. Благодарение на ѕидот, успеале да направат јасна разлика помеѓу просторот за одмор и просторот за живеење, но сепак да задржат доволно природна светлина во просторијата за спиење, што не би можеле да го направат со употреба на вистински преграден ѕид.

Личен печат и детали што го отвораат просторот
Кога полицата е речиси целосно исполнета со книги, таа го крие креветот и му дава доволно интимност на просторот. Од друга страна, кога ќе ја погледнете од другата соба, таа му дава личен печат на просторот и многу кажува за сопственикот на овој стан.

Работејќи со многу ограничен буџет, архитектите се одлучиле да користат мебел од производители со прифатливи цени како што е ИКЕА. Во просторот доминираат светли тонови, претежно бела и боја на дрво, со цел да се создаде чувство на поголема отвореност.

Малата кујна е поставена во иста линија со просторот каде што се наоѓаат полиците за телевизор и слики од истата причина – на тој начин просторот изгледа поголем. Во минијатурната, но целосно функционална бања со када, поставено е проѕирно стакло за да се избегне чувството на затвореност.
Едноставноста во обликувањето го направлаи овој стан од само 25 квадратни метри целосно функционално и пријатно место за живеење.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија