Насловна / Вести / Меѓународен настан за вмрежување од енергетската ефикасност, 4. декември во Скопје

Меѓународен настан за вмрежување од енергетската ефикасност, 4. декември во Скопје

Enterprise Europe Network во Македонија ги поканува сите компании и организации кои работат на полето на енергетската ефикасност да земат учество на првиот настан за вмрежување со компании од поширокиот регион кој ќе се одржи на 4-ти декември во хотел Александар Палас во Скопје.

Screenshot_1
Настанот за вмрежување е дел од меѓународниот саем за обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, отпад и вода „RENEXPO®“ кој ќе се одржи на 3ти и 4ти декември во хотел Александар Палас во Скопје. Во рамки на саемот ќе се одржат повеќе тркалезни маси на теми поврзани со енергетската ефикасност, ќе бидат изложени иновативни решенија на компании од секторот и ќе бидат организирани б2б средби за вмрежување на компании. Повеќе информации за саемот се достапни на веб страната http://www.renexpo-nmk.com/mk/home-mk/.

е1
Се повикуваат сите заинтересирани компании кои сакаат да учествуваат на б2б средбите да се регистрираат на веб страната http://match4energywastewater.talkb2b.net, каде ќе можат да креираат сопствен профил и да закажуваат состаноци со компании за потенцијална соработка од Србија, Австрија, Италија, Хрватска, Чешка, Грција, Турција и Црна Гора.
Учеството на настанот е бесплатно.
Лице за контакт и повеќе информации:
Емилија Андонова, emilija.adnonova@mir.org.mk, телефон 02 3108 891, Фондација за менаџмент и индустриско истражување – Скопје.

Screenshot_2

Испрати коментар

Scroll To Top