Насловна / Вести / Листа на најчистите мориња во Европа

Листа на најчистите мориња во Европа

Најголем дел од водите за капење во Европа во 2025 година, ги исполнуваат најстрогите стандарди на ЕУ и се оценети како „одлични“, покажуваат најновите податоци на Европската агенција за животна средина (EEA) и Европската комисија. Попрецизно, 85% од овие води се во категоријата „одличен квалитет“, додека 96% од контролираните локации во ЕУ ги исполнуваат минималните пропишани стандарди. Само 1,5% од капалиштата се оценети дека имаат „лош“ квалитет. Вкупните резултати покажуваат дека состојбата на водите е стабилна во однос на претходната година.

Најдобри резултати бележат Кипар, Бугарија и Грција, каде над 95% од водите за капење имаат оценка „одлични“.  Од ЕЕА порачуваат дека ваквите резултати го потврдуваат долгогодишниот ефект на европските политики за заштита на животната средина и вложувањата во инфраструктурата за пречистување на отпадните води. Иако резултатите се позитивни, стручњаците предупредуваат дека предизвици и натаму постојат, посебно во контекст на хемиското загадување, климатските промени и притисоците на подземните и површинските води. Поради тоа, се нагласува потребата за продолжување на вложувањата и зајакнување на отпорноста на европските водни системи.

Испрати коментар

Scroll To Top