Насловна / Вести / Конференција и саем Electric Vehicles Days во Нови Сад

Конференција и саем Electric Vehicles Days во Нови Сад

Манифестацијата Electric Vehicle Days – EV Days ќе биде одржана на 8ми и 9ти септември 2022 година на Новосадскиот саем.  EV Days е саем и конференција, посветена на електромобилноста која претставува ново глобално технолошко решение за транспорт. Организатори на оваа престижана манифестација се компанијата Ninamedia и Факултетот за технички науки на Универзитетот во Нови Сад, во соработка со РТС какко медиумски партнер.

EVdays1

Настанот е осмислен како интерактивно искуство кое ќе ги собере водечките компании од областа на автомобилската индустрија, производителите на компоненти, делови и софтвер за автомобилската индустрија, станици за полнење и пратечка инфраструктура за електрични и хибридни возила. Во панел дискусиите ќе учествуваат најпознатите имиња од сферата на автомобилската индустрија од регионот, врвни стручњаци, како и студенти. На настанот ќе бидат присутни претставници на државните, локалните и регионални институции поврзани со предметната област, како и претставници на компании кои имаат искуство односно планираат воведување на решенија базирани на електромобилноста во своето работење. EV days ќе биде организиран од неколку сегменти кои сеопфатно ќе ги презентираат сите актуелности поврзани за оваа тема и ќе им дадат можност на сите учесници да се претстават на директен начин.

evdays2

Испрати коментар

Scroll To Top