Насловна / Вести / Кокичињата се мали и бестрашни, секое дете знае за нив

Кокичињата се мали и бестрашни, секое дете знае за нив

Кокичето припаѓа на семејството Amaryllidaceae. Постојат повеќе од 20 видови, кои се разликуваат по големина, облик и изглед, цветот и период на цветање. Во градините, најчесто се одгледува обичното кокиче (Galanthus nivalis) и џиновското (Galanthus elwesii), со големи цветови, кои цветаат малку порано. Кокичето обично само никнува во листопадни, мешани или зимзелени шуми, на ливади, покрај реки, покрај потоци.

Кокичињата се мали и бестрашни, се појавуваат од никаде, под снегот… секое дете знае за нив.

Кокичето се нарекува и „весник на пролетта“ бидејќи со неговото појавување ни дава до знаење дека ова годишно време е пред нас.

Кокичето е високои од 10 до 30 сантиметри. Листовите се издолжени, во облик на копје, синкаво-зелени и имаат изразен надолжен жлеб во средината. Од неговата луковица се издига цветно стебло, на чиј врв има само еден висечки бел цвет во облик на ѕвонче. Цветот се состои од шест ливчиња распоредени во два круга.

Средината на септември е идеално време за садење луковици од кокиче бидејќи тие имаат доволно време да развијат корени до почетокот на зимата.

Ако ги садите во градини, изберете засенчени и влажни места (под дрвја и грмушки). Кога избирате место за садење луковици, имајте предвид дека кокичињата сакаат длабока, богата со хумус почва, но тие се многу толерантни растенија и ќе напредуваат и во сиромашна почва. Највеќе им одговара црница гили глинеста почва измешана со песок. Исто така е важно почвата да биде добро дренирана за да може вишокот вода да се исцеди и да се спречи скапувањето на луковиците. Препорачливо е да се избегнуваат мочурливи почви. При садењето, горниот слој почва во кој ќе бидат поставени луковиците треба да биде растресит, а растурена почва треба да се користи за посипување.

Луковиците се садат на длабочина од 4-5 сантиметри со растојание меѓу луковиците од 5-10 сантиметри. Во текот на сезоната на растење се спроведуваат вообичаените мерки, како што се окопување, отстранување на плевелите итн. За да се осигура дека кокичињата цветаат секоја година, потребно е подмладување на насадот со отстранување на старите луковици и сечење на листовите откако растението ќе процвета. Препорачливо е често да се проретчуваат кокичињата за да се одржи оптималното растојание меѓу растенијата. Проретчувањето се врши рачно, со вадење на по неколку луковици одеднаш.

Кокичињата размножуваат и со сеење семе по цветањето во мај или јуни. Кога се садат од семе, на кокичињата им требаат три години за да процветаат.

Испрати коментар

Scroll To Top