Насловна / Вести / Климатските промени ќе ја „изедат“ пченицата и пченката

Климатските промени ќе ја „изедат“ пченицата и пченката

Цела Македонија ќе има последици од климатските промени, а најлошо ќе биде во земјоделството. Тоа па ќе предизвика недостаток на храна и вода. Овa се ресурсите кои се најпогодени и на кои им се заканува исчезнување. Климатските промени го зголемуваат појавувањето на временските непогоди, суши, пожари, поплави, урагани, исчезнување на животински и растителни видови, деструкција на екосистемите и уништување на синџирот на исхрана и економските ресурси. За справување со климатските промени има зелени политики кои властите и невладините организции, кои се занимаваат со оваа проблематика, ги спроведуваат.

zito

Земјоделството како гранка е директно погодена од климатските промени, затоа што станува збор за производи кои се одгледуваат на отворено. И во Република Северна Македонија се чувствуваат негативните влијанија од климатските промени врз земјоделството.

Земјоделството е важен сектор поради тоа што значително придонесува за БДП (речиси 10 отсто во 2016 година) и поради процентот на работна сила којашто е ангажирана во овој сектор (во 2015 година, тој процент бил 17 отсто). Тоа е релативно подложно на влијанијата од климатските промени, особено на поплавите. Од друга страна, емисиите на стакленички гасови од земјоделство произлегуваат од неколку големи извори и тоа  несоодветно или прекумерно ѓубрење со минерални ѓубрива, што на долг рок сериозно ја намалува органската материја во почвите и предизвикува значителни емисии на CO2, ретко и несоодветно користење на природни ѓубрива, несоодветно управување со обработливото земјиште и несоодветно ѓубрење.

zemjodelstvo i klima

Земјоделскиот сектор во целина, а особено малите фарми, се очекува да бидат изложени на продолжени топли бранови, посериозни суши и поплави. Климатските настани во 2007-2008 и 2011-2012 година со долги суви периоди и топлотните бранови доведоа до значителни загуби на производството. Помалку од 10 отсто од земјоделското земјиште се наводнува, и со исклучок на западните делови на земјата, во лето се јавува недостиг од вода, што предизвикува значителен недостиг на влага за летните и годишните култури. При оцената на ранливоста на овој сектор заклучено е дека во Југоисточниот регион сите култури со базална температура од најмалку 5,6 Целзиусови степени ќе почнат да растат порано и дека стадиумите на раст значително ќе се сменат со текот на времето. Во Југоисточниот регион моделирањето на културите во основното сценарио укажува на намалување на приносите од пченица за 21 отсто помеѓу 2000 и 2025 година и за 25 отсто помеѓу 2040 и 2050 година. Приносите од пченка пак би се намалиле за 56 отсто во 2025 година и за 86 отсто во 2050 година. Меѓутоа примената на мерки за адаптација кон климатските промени покажа зголемен принос и намалување на негативните влијанија на климатските промени во споредба со основното сценарио.

190626-kukuruz

Примената на мерки како промената на сеидбата или наводнувањето можат да придонесат за значително подобри приноси на пченица и пченка во Југоисточниот регион од земјата имајќи ги предвид идните климатски промени. Сепак, овие сценарија со високи приноси исто така бараат и многу водни ресурси. При економската анализа на влијанијата и ранливоста се забележува дека економските загуби во сите сценарија со мерки за адаптација кон климатските промени за пченица биле пониски од оние со традиционални практики на производство. За пченката, од 2015 до 2025 нгодина во предложените сценарија лесно можат да се надминат негативните ефекти од климатските промени, но во вториот период од 2025 до 2050 година најголем дел од сценаријата покажуваат негативни финансиски резултати, дури и со мерките за адаптација кон климатскте промени.

Професорот Зоран Димов од Факултетот за земјоделски науки и храна вели дека поради климатските промени ќе дојдеме во ситуација да имаме премногу популација, а површините со почва да останат исти и да не можат да ги задолволат потребите. Според него промените на сите параметри неопходни за правилно земјоделско производство се во правец на создавање неповолни услови за ова производство. Најважни фактори кои предизвикуваат ограничувања во земјоделското производсво се дефицит на вода, аридност и појава на суша. Последиците по култури најмногу ќе се одразат врз пченицата, која според Димов, до 2025 година ќе има 11 отсто помалку принос, потоа е виновата лоза со 46 отсто помалку принос до 2025 година и луцерката која ќе ја има за 56 отсто помалку до истата година. Економската штета, според Димов, која би ја предизвикало помалиот принос од овие култури до 2025 година би биле околу 30 милиони евра или до 2100 година околу 40 милиони евра.

zemjodelstvo

Според професорот Димов, најранливи делови од нашата земја се Повардарие, делот околу вливот на реките Црна и Брегалница. Многу ранливи делови се Југоисточниот дел (Струмица), Јужната вардараска долина (Гевгелија), скопско-кумановската рамница и Овче Поле. Помалку ранливи зони, пак се, Пелагонија (Битола) и Полог (Тетово и Гостивар).

За итна акција против климатските промени постојат стратегии, има акциски планови за заштита на животната средина, постои систем на казнена политика, но она што е важно е ажурно спроведување на инспекциите, постапување по прекршоците и преземање политики.

* Со овој текст, Порта3 се приклучува кон кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!, што ја спроведува Инситутот за комуникациски студии и е финансирана од Британската амбасада во Скопје.

неиг

Еден коментар

  1. Violeta Amri min Bahar

    Па не е баш страшно. Јас живеам во Алжир. Македонија во споредба со Алжир е како Едемска градина споредена со пустелија. Па еве не гладуваме баш и иако сме во Сахара имаме вода за се`.
    Така што повеќе ми личи дека сте комплетен башибозук, мрзливи и неорганизирани, ем најнеобразованите ви се шефови, отколку што климата може нешто да ви наштети. Ем имате некоја тенденција стално да се жаљакате дека некој друг вие крив.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top