
Канцеларијата на Доналд Трамп, милијардерот и контроверзен политичар, се наоѓа на 25-тиот кат од познатата „Trump Tower“, која има 68 ката.

Трамп живее во пентхаус над својата канцеларија.

На ѕидовите во канцеларијата, поставени се различни награди кои тој ги добивал, како и насловни страници на часописите што објавувале написи или интервјуа со него. Чува и различни подароци од познати спортисти, како на пример шампионскиот појас на Мајк Тајсон, и патика од кошаркарот Шекил О’Нил.

Сепак, веројатно најубавиот дел од неговата канцеларија е погледот на Централ парк.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија