Како одговор на можните енергетски предизвици произлезени од конфликтот на Блискиот исток, министерот за енергетика на Италија нагласил дека земјата е подготвена да го оживее производството на електрична енергија во термоелектраните на јаглен. Gilberto Pichetto Fratin истакнал дека од стратешко значење е овие електрани да бидат подготвени за погон, иако ќе се настојува да не се користат доколку не е неопходно.

Fratin го изнел овој став во текот на телевизиско интервју, нагласувајќи ја националната енергетска безбдедност како приоритет. Тој рекол: „имаме термоелектрани на јаглен кои не би сакал да ги активирам повторно, но тие се тука како резерва за да ја заштитат нашата земја“. Оваа превентивна мерка го нагласува фокусот на Италија на зачувување на енергетската отпорност во услови на глобална несигурност, потенцијално сигнализирајќи промена на стратегијата доколку конфликтот ескалира.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија