Насловна / Архитектура / Историски објекти во лавиринт на деловни згради

Историски објекти во лавиринт на деловни згради

Архитектонската фирма Make има дизајнирано две згради во Лондон, кои ги комбинира со уникатен пешачки мост направен од челик, а меѓу сето тоа се кријат необични јавни простори и објекти од голема историска вредност. Проектот е лоциран во округот London Wall Place и е замислен како мала зелена оаза во урбаниот дел од градот.

Во овој урбан агол, голем број мали градини покриваат површина од над четири илјади квадратни метри. Градината поврзува мрежа на нови патеки и мостови кои се надоврзуваат на старите кои се пронајдени тука од 1960-тите.

На ова место, во 1970-тите години биле изградени големи брутални станбени згради, а има и остатоци од стара средновековна црква. Во рамките на проектот, се реконструирани делови од оригиналниот градски ѕид, пишува Dezeen.

“Убавината на овој проект лежи во фактот дека според него јасно се гледа дека ова е само последниот слој на историјата на ова место, последната трага која треба да се запаменти “, вели архитектот Sam Potter и додава: “Ние имаме дизајнирано модерни канцеларии, но комбинацијата од јавната сфера е она што ги привлекува идните корисници, а не само неговиот комерцијален дел “.

Кога уредувањето ќе биде завршено, јавните површини ќе заземаат вкупно 600 хектари во рамките на лондонските ѕидови, или повеќе од половина од него.

london-wall-place-3-782x521

Замислено е мостовите, патиштата, вертикалните и класичните градини меѓу зградите постојано да се поврзуваат и со тоа да се направи хетерогена и зелена пешачка зона во урбаната област.

Доминантните материјали што треба да се искористат при изградбата на пешачките патеки се челик и iroko дрво. Овој вид на жолто-кафено дрво припаѓа на семејството на тврдо дрво кое првично напредувало на територијата на тропската Африка.

london-wall-place-4-782x521

Во рамките на проектот, ќе има неколку изградени градини, кои ќе бидат особено привлечни за работниците за време на паузата.

Што се однесува до деловните згради, една е висока 13 ката и има девет кровни тераси, додека другата има 17 ката, а во приземјето се наоѓаат неколку бутици, ресторани и кафулиња. Нивните фасади се направени од бетон со керамички слој и многу стаклени површини.

london-wall-place-7

Судејќи според фотографиите, може да се каже дека новите згради стојат во примамлив контраст со старите бруталистички градби во областа.

Лидер на проектот е Ken Shuttleworth, дизајнер од студиото Make, додека изведувачи на проектот се Brookfield Properties i Oxford Properties.

london-wall-place-8-782x626

london-wall-place-12

london-wall-place-2-782x1173

Испрати коментар

Scroll To Top