Комората на овластени архитекти и овластени инженери ги информира своите членови за претстојниот настан „I Денови на урбанизам и пејзажна архитектура“, кој ќе се одржи на 22 и 23 април 2026 година, во организација на Струковите комори на Црна Гора.
Настанот е одлична можност за професионално усовршување и вмрежување со колегите од регионот.
Повеќе детали за програмата можете да прочитате на следниот линк: Информации за настанот – ИКЦГ

Информации за пријавување и трошоци:
- Поради ограничениот број на места, задолжително е да го пријавите вашето присуство преку следната веб-форма: https://forms.office.com/e/fi24Yn6keG
- Комората ја презема одговорноста за организација на логистичката поддршка (координација со организаторот за обезбедување на местата).
- Ве информираме дека Комората не ги покрива трошоците за патување, сместување, како ни евентуалната котизација за учество на настанот. Овие трошоци паѓаат на товар на самите учесници.
Ве охрабруваме да се пријавите што е можно поскоро поради огромниот интерес и лимитираниот капацитет на настанот.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија