Насловна / Вести / Индија ќе го добие првиот хиперлуп транспорт со брзина од 1.200 километри на час

Индија ќе го добие првиот хиперлуп транспорт со брзина од 1.200 километри на час

Систем на превоз на капсули низ вакумски цевки би можел да биде иднината на сообраќајот , а таа епоха изгледа ќе отпочне во земјата со најголем број жители.
Владата на Махараштра во соработка со компанијата Virginom Hyperloop One, која ја основал американскиот бизнисмен Илон Маск, го претстави големиот инфраструктурен проект кој претставува прв хиперлуп на свет. Во Индија, каде дневниот транспорт е масовен и многу проблематичен, технологијата хиперлуп ќе го направи транспортот многу поефикасен и побрз. Според најавите, првата линија ќе го поврзе Пуна, втор по големина град во Индија со Мумбај, ќе го скрати времето на патување од сегашните 3.5 часа на само 35 минути!

и2
На годишно ниво релацијата Пуна – Мумбај ја поминуваат преку 75 милиони патници, а според предвидувањата оваа бројка до 2026. година ќе порасне на 130 милиони. Според најавите, новиот транспортен систем ќе може да поддржи 200 милиони патници годишно.
Компанијата DP World, која претставува трговски лидер во Индија, би требало да вложи 500 милиони долари во првата фаза на овој проект. Проектот би требало да се реализира во партнерство меѓу DP World, Virgin Hyperloop One и Владата на Махараштра, а во понатамошниот развој се очекуваат странски инвестиции проценети на милијарди долари.

и1
Како што наведуваат челнициоте на Virgin Hyperloop One, овој проект би требало да отвори стотици илјади високотехнолошки работи, кои ќе доведат до многубројни социјално – економски бенефити.
„Во моментов создаваме историја. Во тек е трка со која се дефинира кој ќе биде домаќин на првиот хиперлуп транспортен систем на свет, објавувањето на проектот ја става Индија на водечкото место. Ова е значаен пресврт и ние се радуваме на претставување на целиот свет на оваа револуционерна транспортна технологија“ – истакна Jay Walder, CEO на компанијата Virgin Hyperloop One.

и3
1.200 на час
Хиперлуп (Hyperloop) е систем на меѓусебно поврзани цевки од кои делумне е извлечен воздух. Како што наведуваат студиите, низ цевките можат да се превезуваат луѓе и терет со брзина поголема од 1.200 километри на час. Ова е инаку принцип кој се користел уште во 19. век за пренос на пошта и пари низ цевки. Илон Маск овој принцип го унапредил во систем кој би требало да го забрза транспортот во големите градови.

Испрати коментар

Scroll To Top