Насловна / Екологија / Прва вертикална градина во Македонија?

Прва вертикална градина во Македонија?

Младиот, амбициозен и пред сè стручен тим на Биро Проект, размислуваше да направи нешто интересно и ново за наши услови, па така дојде на идеја за изработка на вертикална градина.
Следејќи ги светските трендови од областа на хортикултурата, а воедно и инспириран од истите, младиот, амбициозен и пред сè стручен тим на Биро Проект, размислуваше да направи нешто интересно и ново за наши услови, па така дојде на идеја за изработка на вертикална градина. На почеток беше на мисла како тоа би изгледало и функционирало, бидејќи има повеќе начини за подигнување на вертикални градини. 

vertikalna-gradina-1.jpg

Поради фактот што кај нас сè уште нема во продажба готови рамки за подигнување на вертикални градини, при што растенијата би се одгледувале во земја, се одлучивме за една поспецифична варијанта, а тоа е градење на вертикална градина во која растенијата би се одгледувале со т.н. хидропонски систем. Иако звучи непознат овој термин, на сите ни е добро познат моментот како нашите баби, мајки, тетки одгледуваат растенија во вазни со вода што всушност претставува хидропонски систем на одгледување растенија, при што дополнително се одредува концентрацијата на прихрана потребна за одгледување на истите. Во суштина, почвата има само улога на природен резервоар на микроелементи потребни за правилен раст и развој на растенијата, а тоа укажува на фактот што таа не е неопходна за одгледување на растенијата, доколку правилно успееме да ја одредиме потребната концентрација на прихрана во водата. Нормално, кога станува збор за хидропонски систем на одгледување растенија, се користи исклучиво течно ѓубриво. 
 
Видови кои ги искористивме за оваа вертикална градина се: Peperomia caperata, Hedera helix, Peperomia verticillata, Аeschynanthus lobbianus, Chlorophytum comosum и Nephrolepis sp. По претходни студии и сознанија, за да се увериме и самите за издржливоста на растенијата во услови на одгледување на хидропонски начин им извршивме тест, при што им додадовме одредена концентрација на течна прихрана, за на крај да добиеме позитивни резултати. Најпосле, откако завршивме со тестирањето, растенијата ги "засадивме" во рамката за вертикална градина. 
 

vertikalna-gradina-2.jpg

Предности и недостатоци Како и сè во животот, така и вертикалната градина има одредени предности и недостатоци. Бенефициите што може да се согледаат кај оваа градина се многубројни. Така на пример, таа е многу практична заради својата конструкција и малиот простор кој го зафаќа. Ова е одлично решение за оние луѓе кои живеат во мали куќи и станови, а се големи љубители на цвеќиња. Како друга предност може да се земе фактот што растенијата се одгледуваат на таков начин што нема потреба од редовно полевање, само повремено дополнување на градината со вода, а поради загубите на вода од испарување, нема потреба од пресадување, менување на горниот слој од почвата и слично. Како недосток или еден вид мана, кој може да му се препише, е тоа што самата градина за циркулација на водата во неа користи пумпа, па така градината треба да биде во близина на "штекер". 
Во условите што владеат во Македонија, изградбата на вертикална градина е исплатлива и изводлива само во ентериер, поради можноста за регулирање на константна температура и влажност на воздухот, додека за одгледување на отворен простор е многу тешко и речиси не е изводливо, заради големите температурни амплитуди во текот на годината.
 
Филип Филипоски, дипл.шум.инж. Биро Проект ДОО 

vertikalna-gradina-3.jpgvertikalna-gradina-4.jpg

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top