Насловна / Екологија / Озонската дупка почна да закрепнува?!

Озонската дупка почна да закрепнува?!

Македонија е меѓу
водечките земји во
регионот во напорите
за елиминирање на
хемикалиите што
ја осиромашуваат
озонската обвивка и
нивно исфрлање од
употреба. Меѓународниот
ден за заштита на
озонската обвивка, 16
септември, во нашата
земја беше одбележан со
промоција на брошурата
„Осиромашување на
озонската обвивка и
климатските промени“.

Напорите на меѓународната заедница за заштита на озонската обвивка успеаја,
ги спречија понатамошните загуби на озонот и го ублажија ефектот на стаклена
градина, објавија на 16 септември Обединетите нации, а нивната објава силно
одекна во светските медиуми.

 

 

Новото истражување што го цитираат од Обединетите нации дојде токму на
денот кога светот го одбележува Меѓународниот ден за заштита на озонската
обвивка, кога во 1987 година околу 200 земји го потпишаа Монтреалскиот протокол
за елиминирање на супстанциите што ја уништуваат озонската обвивка. Сега, од ОН
велат дека заштитната обвивка во Земјината атмосфера ќе се обнови до нормалното
ниво до 2045 година, а на половите, сепак, ќе и биде потребно подолго време.

„Озонската дупка повеќе не покажува знаци дека се зголемува. Но, нема ниту
вистински знак дека почнала да се пополнува. Веруваме дека озонската обвивка ќе
се обнови некаде до средината на овој век“ ја пренесува агенцијата Ројтерс
изјавата на Гер Братен, научник во Светската метеоролошка организација (СМО).

Според него, озонската дупка формирана над Антарктикот е помала во споредба
со димензиите од пред две години.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top