Со технолошкиот напредок се проширува опфатот на местата на кои геотермалната енергија може да се користи за производство на електрична енергија. Така станува се поконкурентна алтернатива на фосилните горива. Благодарение на методите кои се усовршуваат, веќе може да се надомести 42% од учинокот на термоелектраните на гас и јаглен во ЕУ.
Унгарија има убедливо најголем потенцијален капацитет за ценовно конкурентна геотермална енергија во ЕУ. Турција е трета во таа категорија во цела Европа, а и Романија и Србија се високо на листата. Порастот на ефикасноста на дупчењата и управувањето со подземните резервоари, отвора се поголеми можности за изградба на геотермални електрани ширум Европа. Таа технологија, претходно применлива на малубројни погодни локации, се позиционира за влез во главните текови на енергетиката.

Конвенционалниот геотермал се потпираше на подземните карпести формации кои се пермеабилни. Тоа и овозможува на постоечката вода, која е длабоко под тлото, да циркулира и да ја пренесува топлинската енергија. Уделот во светското производство на електрична енергија во 2024 година бил помал од 0,5%. Но, со напредокот на геотермалните технологии, кои често ги нарекуваат геотермал на новата генерација, отстранет е условот подземниот слој да мора природно да биде пермеабилен. Тоа значи дека порите во каприте овозможуваат проток на флуидот. Со новиот пристап, таквите отвори можат вештачки да се направат или да се прошират, обично со хидраучлично фрактурирање – фракинг. Со геотермалните резервоари може да се управува флексибилно, така што индиректно се апсорбира вишокот електрична енергија од ветерот или од Сонцето. Важно е да се зајакне пумпањето и инјектирањето, па складираната топлинска енергија и енергијата од притисокот подоцна можат да се ослободат и да дадат повеќе електрична енергија. Додатната вредност е во добивањето на вредни минерали, како литиум, со директна екстракција од подземните солени раствори.

Се очекува во периодот до 2030 година, секоја година на мрежа да се поврзуваат околу 1,5GW во нови капацитети, што е три пати повеќе отколку во 2024 година. Геотермалот би можел да задовволи до 15% од порастот на побарувачката од електрична енергија до 2050 година.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија