EPIQ кулата во Кито, Еквадор, е дело на данското архитектонско студио BIG, и претставува значајно достигнување во областа на современата архитектура. Оваа импозантна градба, висока 101 метар, се состои од наредени L- облици кои се сретнуваат во центарот на конструкцијата, со што се создава единствена целина. Соработката со развојниот тим на Uribe Schwarzkopf од Кито, довела до создавање на кула која се наоѓа во непосредна близина на урбаниот зелен простор La Carolina Park, поставувајќи ја на аголот на раскрсницата преку пат на влезот во метрото.
Основата на облакодерот е поделена на две секции кој се свртени една кон друга, креирајќи отвор кој служи како влез во објектот. Фасадата содржи долгнавести елементи од пигментиран бетон, чија боја и текстура алудираат на куполи на катедрала и на старите колонијални згради, прекриени со локални плочки. Четири различни бои се користени на фасадата, додавајќи визуелен идентитет на секој блок. Во внатрешноста на зградата, предворјето е обложено со плочки, а таванот е со рефлектирачка црна боја. Внатрешноста на станбените едници сеуште не се открива. На покивот се наоѓа базен и поплочена тераса обрабена со стакло во комбинација со бетон. Целиот проект претставува визуелна илузија – оддалеку се чини како единствена маса, додека при поблиско набљудување се разложува на низа поединечни волумени, обложени со црвени цементни плочки во четири нијанси. EPIQ кулата така станува симбол на архитектонското иновирање и еколошката свест во срцето на Еквадор. BIG и Uribe Schwarzkopf неодамна завршија уште еден заеднички проект – највисоката зграда во Кито.