Неформалната група од девет медитерански држави членки на ЕУ (MED9) се состанала во Хрватска со цел да разговара за зајакнување на енергетската сигурност, отпорноста на енергетските системи и конкурентноста на европската економија во услови на енергетска транзиција. Покрај Хрватска во својство на домаќин, на настанот учествувале Кипар, Франција, Грција, Италија, Малта, Португалија, Словенија и Шпанија, како и претставници од Европската Комисија.


Состанокот бил фокусиран на зајакнување на регионалната соработка, развој на стратешката енергетска инфрастрктура, сигурноста во снабдувањето и технолошката неутралност како едно од клучните начела на европската енергетска транзиција. Учесниците на состанокот укажале на потребата од подобро усогласување на европските регулаторни и финансиски механизми со специфичностите на енергетските системи на медитеранските земји, посебно во делот кој се однесува на вложувањата во електроенергетските мрежи, складишните капацитети, флексибилноста на системите и заштитата на критичната инфраструктура. По завршувањето на состанокот усвоен е заеднички документ со кој е потврдена определеноста на државите за зајакнување на енергетската сигурност, диверзификација на изворите на снабдување, развој на прекуграничната инфраструктура и спроведување на конкурентна чиста енергетска транзиција. Во документот посебно е нагласена важноста на отпорноста на енергетските системи, понатамошните вложувања во инфраструктурата и поинтензивна координација на државите од MED9 во креирањето на енергетската политика на ЕУ.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија