Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Донации од цел свет за енергетска независност на едно хрватско училиште

Донации од цел свет за енергетска независност на едно хрватско училиште

crowdfunding
По пат на групно финансирање (crowd-funding) од страна на хрватските граѓани, но и донатори од цел свет преку интернет-платформата Indiegogo, едно основно училиште во Далмација ќе стане енергетски независно. Се планира поставување на фотоволтаични модули на покривот, што е одлично решение не само поради географската локација, туку и поради последните промени во тарифниот систем кои поттикнуваат изградба на соларни постројки на објектите во сопственост на градовите и жупаниите. Со остварените заштеди на овој начин, училиштето ќе може да финансира и реконструкција на надворешните ѕидови и сл., а од особено значење е и фактот што децата ќе имаат прилика од прва рака да научат за зелените технологии и енергетската ефикасност.

Извор: Halter

Испрати коментар

Scroll To Top