Насловна / Вести / До 2021, Франција целосно ќе престане да користи јаглен

До 2021, Франција целосно ќе престане да користи јаглен

Францускиот претседател Емануел Макрон, објави дека  до 2021 година ќе бидат исклучени сите термоцентрали на јаглен во земјата, како дел од стратегијата за намалување на емисиите на јаглероден диоксид. Меѓутоа, само 1% од електричната енергија во Франција во моментот се произведува во термоцентралите на јаглен, па затоа оваа најава повеќе се смета за симболична, отколку најава за големи промени во енергетиката. Иако Франција уште од почетокот се етаблираше како предводник во исполнувањето на целите од Парискиот климатски договор, сепак пред извесно време призна дека емисиите на национално ниво во 2016 година биле за 3,6% над договореното ниво.

France energy mix

Но, напорите кои земјата ги прави во рамките на т.н енергетска транзиција, навистина ветуваат бескомпромисна борба против фосилните горива и климатските промени. За разлика од Франција, но и Велика Британија која не заостанува многу зад овие заложби на владата на Макрон, остатокот од Европа и натаму интензивно ги користи благодетите на ефтината енергија од јаглен. На пример, во Германија јагленот учествува со 40% во енергетскиот микс, а тоа е само 10% помалку од состојбата во 2000 година.

France 3

 

Испрати коментар

Scroll To Top