Насловна / Вести / Дизајнерски мебел за љубителите на пастелни нијанси

Дизајнерски мебел за љубителите на пастелни нијанси

Повеќето дизајнерите на ентериери ќе се согласат дека не треба да се грижите премногу за трендовите. Кога го уредувате вашиот дом, всушност, најважно е да се следат личните чувства и афинитети. Со слично размислување се воделе и дизајнерите од Хонг Конг, брачна двојка која работи заедно во рамките на студиото Lim+Lu.

Тие се прославиле со колекцијата на мебел насловена Mass, која најпрвин ја работеле за својот дом, а подоцна почнале да ја произведуваат и во комерцијална смисла. Оваа линија се состои од софи, кревети на развлекување и нивни верзии на каучи кои се користат за дневните варијации на одмор.пастелни нијанси на мебел (6)

Сите парчиња се направени во пастелни нијанси на сина, розова и зелена боја, а збогатена и со децентно златно подножје.

Мебелот може да се купи и со соодветни перници од други пастелни бои.пастелни нијанси на мебел (5)

Естетиката на ова студио стои како противтежа на популарнoтo индустриско уредување и потемни тонови, а дизајнерите потенцираат како нивниот мебел дополнително влијае на светлината во просторијата.пастелни нијанси на мебел (4) пастелни нијанси на мебел (3) пастелни нијанси на мебел (2) пастелни нијанси на мебел (1)

Испрати коментар

Scroll To Top