Насловна / Архитектура / Денес меѓународна конференција „Обликување на иднината на Скопје“

Денес меѓународна конференција „Обликување на иднината на Скопје“

Заедно со Град Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и Center for Advanced and Postdoctoral Research – CAPRIS UKIM UNDP North Macedonia денес во хотелот „Александар палас“ ќе се одржи меѓународната конференција „Обликување на иднината на Скопје; Skopje: Culture, Urbani politics and Sustainable European Cities“

Настанот го означува почетокот на обликувањето на Скопската развојна стратегија за следните 20 години, како и нејзиното патување кон Скопје како Европска престолнина на културата 2028.

Ќе се соберат водечките институции, градоначалници, европски партнери, експерти, универзитети и меѓународни организации за отворање стратешки дијалог за иднината на градот.

Дискусиите ќе се фокусираат на современите урбани политики, културниот развој и одржливите европски практики.

Означеноста на Скопје за Европска престолнина на културата 2028 е дел од предводничката иницијатива на Европската Унија која промовира културна размена.

Испрати коментар

Scroll To Top