Насловна / Вести / Целосно реконструиран првиот дел од улицата „Апостол Гусларот“

Целосно реконструиран првиот дел од улицата „Апостол Гусларот“

Општина Центар го заврши првиот дел од реконструкцијата на  улицата „Апостол Гусларот“, во Буњаковец.

Направена е коплетна реконструкција на коловозот и тротоарите. Поставен е нов тампон и асфалт во два слоја. На руинираните ивичници се поставени нови бехатон плочки.Ul. 'Apostol Guslarot' (6)

Во оваа прва фаза е опфатен потегот од „Никола Тримпаре“ до ОУ „Јохан Јанрих Песталоци“, во должина од 80 метри.

Општина Центар врши подготовки за втората фаза, кога ќе  се обновува делот  до „Стефан Јакимов- Дедов“.Ul. 'Apostol Guslarot' (4)

Инаку улицата беше во катастрофално лоша состојба и граѓаните со години реагирале на ударните дупки и оштетените ивичници.

Реконструкцијата на улицата ја зголемува безбедноста и на учениците од ОУ „Ј.Х. Песталоци“.Ul. 'Apostol Guslarot' (2)

И овој проект е дел од актуелната акција на општина Центар, „Нова пролет, нова офанзива!“.

Испрати коментар

Scroll To Top