Насловна / Вести / Божиќно село Трикала: Од фабрика за леб до фабрика за желби

Божиќно село Трикала: Од фабрика за леб до фабрика за желби

Старата зграда од тули, изградена во 1884 година која била фабрика за производство на леб сега има друга намена. Истата зграда, сега само завиткана со црвена панделка е место каде се кажуваат божиќните и новогодишните желби. Зградата која се наоѓа во Божиќното село во грчкиот град Трикала е атракција како за младите така и за повозрасните посетители.

IMG_0829

Индустриските објекти од 19 век, изѕидани со тули, се многу атрактивен простор насекаде во светот и се претвораат во конгресни центри, галерии, дискотеки, дури и бизнис-центри и објекти за други намени. Оваа мелница е претворена во детска желба.

IMG_0821

Во објектот со помош на џуџињата децата може да ја научат уметноста на правење леб. Во внатрешноста на зградата за печење, децата имаат можност да присуствуваат на практична работилница за леб. Тие обезбедуваат основни состојки како брашно, сусам и кисело тесто за да се обликува, дизајнира и декорира лебот пред да се пече. Има и разни други божиќни кулинарски креации во кои може да се ужива.

IMG_0781

Оваа магија, заедно со прекрасните приказни за самовили, џуџиња, гоблини и оревокршачи кои се трансформираат во убави момчиња на Бадник, стануваат реалност во Божиќното село во Грција.

Градот во Грција, кој 10 месеци во годината е само попатна станица кон метеорските манастири како светска атракција, во декември и јануари е вистинско сврталиште за туристите и во градот не може да се најде сместување бидејќи хотелите се резервирани два до три месеци однапред. Во Трикала, во последните десет години е поставено волшебно село од каде младите и старите посетители ги носат можеби најубавите божиќни спомени.

IMG_20211208_135804

Мелницата на џуџињата има нов живот од детските бајки и сега е симбол на градот која нуди фантастично искуство, кое добива убав, едукативен карактер кој ги надминува традиционалните божиќни активности.

Во прекрасните замоци на селото ќе сретнете храбри витези и разиграни џуџиња, Дедо Мраз, но и магичен бунар што ќе ги „слуша“ вашите желби.

Исто така, може да се посети и фабриката за чоколади каде саканиот Дедо Мраз и неговите безброј асистенти ги откриваат своите слатки тајни, а највпечатливите колачи се прават во работилницата за чоколади.

Џуџињата ги обликуваат топлите и шарени бонбони создавајќи уникатни дизајни. Тие користат фантастични состојки (какао, јаткасти плодови, овошје, билки итн.) за производство и продажба на огромни чоколадни табли.

IMG_20211208_141023

Секој агол од паркот крие различно изненадување. Бонбоните, крофните и колачите ја комплетираат сложувалката на слатките задоволства во оваа област од паркот.

Старите оџаци во паркот шират неверојатно примамливи мириси, апаратите за слатки се подготвени да изградат што повеќе играчки и бонбони, а разните тематски куќи, како домот на Дедо Мраз, куќата на Самовилата и магичните улички, чекаат деца од сите возрасти.

Дедо Мраз има своја куќа во паркот и ги отвора своите големи топли раце за стотиците илјади посетители. Младите и старите луѓе шетаат меѓу магичните улички од бајките и преминуваат преку реката и мостовите за да стигнат до вистинскиот остров, земјата на Дедо Мраз.

IMG_20211208_143921

Таму ќе се најдете пред импресивниот влез на двокатната дрвена куќа со тераса од соништата со поглед на паркот. Внатре во куќата ќе ве пречека прекрасно уредена соба во која за момент ќе помислите дека сте дел од некој божиќен филм. Надвор од собата Дедо Мраз подготвен со санката чека да ги слушне новогодишните желби на посетителите.

Насекаде во паркот се наоѓаат интересни дрвени куќички во кои има убави, магични суштества кои ќе ве пречекаат во нивниот дом и ќе ги споделат своите тајни на љубов, радост и среќа.

IMG_20211208_144313

Она што е вистински акцент е дека Божиќниот парк тематски е поделен на делови кои на младите посетители им нудат едукативни приказни кои ја подигнуваат свеста за клучни теми како што се важноста на водата, животната средина и љубовта со отворено срце во нашиот секојдневен живот.

Посетителите на Воденицата на џуџињата може да се нурнат и во игрите и возењата во луна паркот, да одат на лизгање на мраз во Белата палата, да купат сувенири и прекрасни подароци на божиќниот пазар, да вкусат разни задоволства во фабриката за чоколади.

Во овој парк Божиќ со себе ја носи магијата на која се надева секој од нас.

IMG_20211208_141245

IMG_20211208_142635

IMG_0931

Испрати коментар

Scroll To Top