Насловна / Архитектура / „Богати финансиски моќници си дозволуваат луксуз на рушење“ вели проектантката

„Богати финансиски моќници си дозволуваат луксуз на рушење“ вели проектантката

Овие денови се прави уште еден „архитектонски геноцид“, наголемо се руши објектот ТЦЦ Плаза, поранешната стоковна куќа, култното „Беко“. Објектот е во приватна сопственост, а дозвола за рушење е издадена од Општина Центар, под изговор проблеми во конструкцијата. Со ДУП-от Мал Ринг од декември 2012 година, изработен од ИНПУМА, планери: Борисав Јосифов, Силвана Ванковска, Благоја Тагасовски и Блажунка Трпковска со кој се изврши класичен упад во центарот на Скопје со што се направи урбанизам кој го одзема јавниот простор на граѓаните “планиран“ е и објектот „Беко“ (мниогу пред проблемите со конструкцијата).

IMG_20180522_102148

На таа локација предвидана е поголема површина за градење од постоечката, градежната линаја е до улицата „Даме Груев“, односно во иста линија со катната гаража „Тодор Александров“, вкупната површина за изградба е 12.824 м2, а катноста е приземје, мезанин и шест ката. Класта на намени е Б, комерцијални деловни намени, без да биде прецизирано (како за останатите површини за градење од истиот ДУП), дали се однесува на мали или големи комерцијални деловни единици, угостителски единици, деловни простори, хотелски комплекси итн. (Б1, Б2, Б3; Б4, Б5). Се ова е позната пракса и спрега на локалните моќници, бизнис интересите и планерите за да се дојде до што поголема површина за градење, т.е. поголем профит, а се покриено со (не)планска докиментација. И не е прв пат, како стојат работите ни последен.

1
Проектант на стоковната куќа „Беко“(1973 г.) е архитект Мимоза Несторова Томиќ, добитник на наградата „Андреја Дамјанов“ во 2011 година. Авторката револтирано и немоќно гледајќи што се случува со нејзиното дело за порталот МАРХ изјави: „Богати финансиски моќници си дозволуваат луксуз на рушење, а воопшто патриотски не делува деструктивниот став кој ни стана начин на размислување. Исплатливоста на рушење на ваков габарит како овој објект, веројатно е утростручување на површината и габаритот. Тоа е навистина непознато. Но каде ова води? Каков град сакаме?
Скапо не чини немањето слух за почитување на претходните вредности. Сето тоа е историја на еден град. Цивилизациски е да ги почитуваме, сочуваме и да ги негуваме наследените вредности на градот.“

2
Објектот беше менуван и предходно. Во виорот на транзицијата стоковната куќа престана да постои, а во торнадото на приватизацијата објектот се пренаамени во хотел, деловен простор, му се доаде базен, стилска настрешница и што уште не. Иако проектантот ќе изјави дека предходните сопственици го почитувале правилото, стручна консултација со главниот проектант за евентуалните измени, рака на срце уште одтогаш објектот ја изгуби својата автентична и квалитетна архитектура.
Доколку претендираме да станеме правна држава, каде постои систем и се негуваат вредности мораме конечно да регулираме што е дозволено,а што не и да научиме да разликуваме добро од лошо.
Општина Центар задлабочена во својот мораториум за да спаси некои делови од центарот (ако остана што да се спасува) како да го подзаборави центарот на државата, ДУП Мал Ринг и издаде дозвола, секако во се според закони и ДУП.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top