Насловна / Вести / „Бетон“ ќе го гради панорамското тркало за 1,1 милијарда денари

„Бетон“ ќе го гради панорамското тркало за 1,1 милијарда денари

panoramsko trkalo skopje

Панорамското тркало на реката на Вардар кај старо-новиот театар ќе го гради домашната градежна компанија АД-Бетон. Договорот со Јавното сообраќајно претпријатие Скопје е потпишан минатата недела, потврдуваат од ЈСП.
Од ДГ-Бетон АД Скопје на Македонската берза објавија дека е склучен договор во вкупна вредност со вклучен ДДВ од 1.128.981.761,00 денари.
Предмет на овој Договор е изградба на објект Панорамско тркало со придружни објекти и мостови во централно градско подрачје во град Скопје, Мал Ринг.
Панорамското тркало ќе има дијаметар од 57 метри, а целиот објект ќе се издигне 73 метри над брегот на реката. На тркалото ќе бидат поставени 30 кабини во форма на гондоли со носивост од од 750 килограми, односно просечно осум места за возрасни и две за деца во секоја од нив. Максималниот капацитет на Панорамското тркало ќе биде 300 луѓе. Како придружни објекти планирано е да се изградат кафетерија, сувенирница и ресторан. Рокот за завршување на изградбата е пет години.

Испрати коментар

Scroll To Top