Насловна / Вести / Александар Македонски е првата задача на Владимир Тодоровиќ

Александар Македонски е првата задача на Владимир Тодоровиќ

    Само што седна во градоначалничката фотелја во Центар, Тодоровиќ побара од Министерството за внатрешни работи да направи сообраќајно решение што ќе овозможи изградба на споменикот на античкиот војсководец

Барање до Министерството за внатрешни работи за воспоставување
сообраќајно решение за плоштадот Македонија за изградба на
долгонајавуваниот споменик на Александар Македонски со фонтана во
средишниот круг е првата работна задача на новоизбраниот градоначалник
на Општина Центар Владимир Тодоровиќ.
    Тодоровиќ вели дека споменикот ќе почне да се гради најдоцна за два
месеца и дека веќе чекале одговори од институциите за тоа како ќе се
регулира движењето на градежните возила и на пешаците на Плоштадот за
време на изградбата. Иако работите треба да почнат наскоро, речиси
никакви детали не се откриваат за изгледот на споменикот. Меѓу
граѓаните само кружат гласини дека тој ќе биде висок дури 30 метри,
односно за десет метри повисок од Ристиќевата палата. И Тодоровиќ вели
дека не знаел ништо за изгледот и дека ја видел само фонтаната, чии
елементи ги изработува фирмата “Бетон“.
    “Таа е убаво дизајнирана. Задоволен сум од тоа како ќе изгледа“, рече новиот градоначалник на Центар.
    Веќе се формирале и групи на Интернет за поддршка на идејата за
изградба на споменикот на Александар Македонски, а новиот градоначалник
на Центар е член на некои од нив. Тој додаде дека наскоро ќе почне
поставувањето и на другите споменици што ги најави неговата
претходничка Виолета Аларова. Дел од нив ќе се наместат годинава, а
другите в година.
К.С.ace.jpg

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top