Насловна / Вести / Архитектурна димензија на автосветот на БМВ

Архитектурна димензија на автосветот на БМВ

Image

НЕИМАРСТВО НА ИДНИНАТА

 

Автогигантот БМВ може да се пофали со градежна иновација која со полно право го носи името “БМВ Свет“. Центарот почна да се гради на 16 јули 2004, а е завршен за три години. “БМВ Светот“ никна на просторот на некогашниот автоолимписки парк во Минхен. За да се дизајнира беа потребни 800.00 часови на планирање, соработка на 120 архитекти и инженери и над 150.000 планови за негова констуркција.

Конечно. на 17 октомври 2007, вкупно 800 специјални гости го означија отворањето на новиот БМВ центар. За само неколку месеци, ова ново автоархитектурно чудо на БМВ го посетија над 450.000 лица што е повеќ е од кој било светски музеј. За успешниот изглед виновни се двајца австриски архитекти од студиото “Химел Блау“ од Виена.

Комплексот е широк околу 130 метри, долг 180 и висок 28 метри. Од она што ќе се види, тешко некој може да претпостави дека станува збор за комлекс наменет на еден автогигант. Околу 60 отсто од дизајнираната површина се наоѓа под ниво на патот. Тие 73.000 кавдратни метри површина претставуваат симбол на една визија која со текот на времето добива се повеќе фанови.

Најспектакуларен е двојниот конусен покрив кој има неверојатна футуристичка димензија. Со асиметричноста навечер наликува на клепсидра. Долниот конусен дел е со дијаметар од 35 метри кој потоа се стеснува со значително помал обем и дијаметар од 18 метри.

Потоа конусот повторно се шири и на самиот врв доаѓа до дијаметар од 44 метри. Конусот на горниот дел се приклучува на останатата покривна конструкција, но не класично бидејќи содржи извесна длабочина. Конусниот дел е најрепрзентативен дел од “БМВ Светот“ бидејќи содржи триаголни стаклени површини кои се разликуваат помеѓу себе.

Постои цел систем на профили кои се загреваат со специјално дизјанирана фасада која овозможува штедење на енергијата и соодветна висина на температурите во текот на годишните времиња. Фотоволтажниот систем зафаќа 6.300 квадратни местри од вкупно расположивите 16.500 квадрати. Но, ако се трудите да најдете радијатори низ зградата тоа нема да ви успее. Тоа е благодарение на профилите кои содржат дури и заштитни цевки против можен пожар.

Долниот конус е покриен со стакло со дебелина од 8 и уште 16 милиметри дополнително заштитно стакло. Слично е и со горниот конус кој има заштита од сончевите зраци во случај на презагревање на стаклото. Постојат специјални заштитни стакла кои се наоѓаат наизменично до обичните стакла.

Секој дел од внатрешноста на објектот изгледа ексклузивно. Ако се работи за перформанс центар, тој е среден да потсетува на автогигантот, но и на можните културни настани. На пример, во сегментот за автоиднината, посетителите можат да видат различни иновации кои го демонстрираат единството на екологијата со автомобилизмот. Кампот за младите е сосема спротивен и самиот дизајн веднаш асоцира дека се работи за средина која е наменета за деца. Најпрестижен де  е “БМВ форумот“ 
кој е посветен на разни манифестации или презентации. Вреди да се спомене и делот наменет за новите БМВ модели кој е лоциран под самиот конус со специјална спирална покривна конструкција која му дава неверојатна убавина.

Ако овој пример го следат останатите автогиганти, архитектурата ќе добие објекти од кои ќе се губи здивот.

 

П.Р.
Објавено во број 91.

Испрати коментар

Scroll To Top