Насловна / Архитектура / ААМ: Повик за предлагање добитници на наградата „Андреја Дамјанов” 2023

ААМ: Повик за предлагање добитници на наградата „Андреја Дамјанов” 2023

УО на Асоцијација на архитекти на Македонија – ААМ објавува јавен повик за предлагање на можни добитници на наградата „Андреја Дамјанов” за 2023 година.

Наградата „Андреја Дамјанов“ се доделува за животно дело од областа на архитектурата и градителството.

Наградата се доделува на државјанин на Република С. Македонија, како признание за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството.

Право на поднесување на предлог за можни добитници на наградата имаат членовите на ААМ.

а11

Потребни документи:

  • Куса биографија за кандидатот
  • Детална професионална биографија со листа на референци со сите дела од областа на архитектурата, градителството со кои што кандидатот придонел за вкупниот развој на струката

Во листата со референци се наведуваат особените остварувања: изведени објекти, архитектонски проекти, урбанистички планови, изложби, студии, научни трудови, публикации, книги, награди и признанија.

Рокот за поднесување на предлозите е 04.12.2023 година.

Пристигнатите предлози, според чл. 7 од Правилникот за доделување на наградата „Андреја Дамјанов“ ќе бидат разгледани од петчлена комисија избрана од Управниот одбор на ААМ. Еден член на комисијата е од редот на добитниците на наградата „Андреја Дамјанов”.

Добитникот на наградата станува член на Архитектонската Академија на ААМ.

Предлозите се доставуаат на email: kontakt.aam@gmail.com

Лице за контакт: Ангела Ѓорѓиева, диа, технички секретар во ААМ

Телефон за информации: 078283831, email: kontakt.aam@gmail.com

AAM-AD-Objava-2023 (1)

Испрати коментар

Scroll To Top