Сите ние сме ги гледале раскошните и богати вили од холивудските филмови и сме мечтаеле барем еднаш во животот да престојуваме во некоја од нив. Оваа куќа е токму таква, како од холивудските филмови.

Оваа куќа е сместена на Беверли Хилс, во Лос Анџелес, Калифорнија. Од ова толку популарно брдо се пружа извонреден поглед кон градот. Таа е дело на познатиот архитект Paul McClean.

Куќата се одликува со пространи и отворени простории во кои функциите постепено се прелеваат една во online casino друга.

Исто така, границата помеѓу внатрешноста и надворешноста на куќата не е јасно поставена, па така големите застаклени лизгачки површини лесно може да се постават или отстранат по потреба.

Во дворот е поставен голем базен кој пружа одлична релаксација и место за уживање на домашните. Исто така покрај базенот се јавуваат површини за опуштање.

За секоја од просториите се одвоени огромни површини од просторот, па така оваа куќа е јасен симбол за презентирање на прекумерно богатство и стил.








Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија