
Министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, Бранко Раковец.
На средбата, соопшти денеска Министерството за животна средина и просторно планирање, се разговарало за тековните и идни проекти од областа на заштита на животната средина.
Министерот Изаири и амбасадорот Раковец изразиле задоволство од досегашната плодна соработка меѓу Македонија и Словенија на полето на животната средина со уверување дека ќе продолжат иницијативите за унапредување на истата.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија