Коалиција на младински организации СЕГА, во рамки на Програмата на Младински Центар Охрид 2025–2026, финансирана од Општина Охрид, го заврши оценувањето од конкурсот и донесе одлука за избор на најдобро идејно архитектонско решение за реконструкција и адаптација на постоечки објект во современ и функционален Младински Културен Центар.
По завршување на процесот на оценување од страна на стручната комисија, објавувени се резултатите:
- Прва награда –220.000 денари; Автори: Дарко Христов и Тамара Џерков; Соработници: Анастасија Ташковиќ, Симона Радичевска и Горазд Коцев
- Втора награда – 000 денари; Автори: Марија Милошевска и Бојана Исијанин
- Трета награда – 60.000 денари; Автори: Јована Нецева, Бранкица Митевска и Марија Трајковска

Конкурсот имаше за цел да се избере современо архитектонско решение за адаптирање на постоечкиот објект (поранешната менза во рамки на Касарна „Михајло Апостолски“) во современ и функционален Младински Културен Центар.
Конкурсот привлече голем интерес од овластени архитекти и студенти по архитектура од целата земја, што уште еднаш ја потврди потребата од вакви простори за младите во Охрид и регионот.
Избраното решение ќе ѝ послужи на Општина Охрид како основа за понатамошна изработка на основен проект и целосна реализација на проектот, со цел Младинскиот Културен Центар да стане нов културен симбол на Охрид – инклузивен простор за млади, уметност, култура и заедница.
Промоција на идејните решенија и доделување на наградите е предвидено во август 2026 година, како дел од Програмата за Недела на Млади, преку која Младински Центар Охрид традиционално го одбележува Меѓународниот Ден на Младите (12 август).
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија