Насловна / Архитектура / Добредојдовте на АЛУМНИ мрежата на Архитектонскиот факултет – Скопје

Добредојдовте на АЛУМНИ мрежата на Архитектонскиот факултет – Скопје

Архитектонскиот факултет – Скопје со АЛУМНИ мрежа – платформа наменета за сите поранешни студенти кои дипломирале, магистрирале или докторирале на факултетот.

АЛУМНИ мрежата има за цел да ги поврзе генерациите архитекти, создавајќи простор за континуирана соработка, размена на знаења и професионално вмрежување. Преку оваа иницијатива, поранешните студенти ќе можат да останат во контакт, да ги споделуваат своите искуства и да се вклучат во активности од академски и професионален карактер.

Цели на АЛУМНИ мрежата:

  • Поврзување на поранешните студенти на факултетот
  • Зајакнување на соработката меѓу алумните, студентите и академскиот кадар
  • Развивање на професионална мрежа со архитектонската и бизнис заедницата
  • Поддршка на развојот и угледот на Архитектонскиот факултет – Скопје

Членството е доброволно и се врши преку online регистрација:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScwGpxqsITmN-SiVnYyW8O5v1nfPvyN1LTDc2E2ZMYMw8wiLA/viewform

Ве покануваме да станете дел од АЛУМНИ мрежата и заеднички да придонесеме кон развојот на архитектонската професија и зајакнување на нашата академска заедница.

Испрати коментар

Scroll To Top