GreenWay, компанија со седиште во Полска, обезбедила финансиски пакет од 113 милиони евра за развој на инфраструктурата за полнење на електрични возила во Хрватска, Полска и Словачка. Инвестицијата ќе и овозможи на компанијата да развие, изгради и инсталира 2.700 брзи и ултрабрзи полначи за електрични возила ширум трите земји до 2028 година.

GreenWay во моментот управува со повеќе од 3.000 полначи во три земји, со планови значително да го зголеми овој број. Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) соопштила дека за оваа инвестиција обезбедила кредит од 35 милиони евра. Притоа, ЕБРД истакнува дека централна Европа има значително поскромна инфраструктура за електрична мобилност во однос на другите региони во ЕУ. Полначите ќе бидат поставени во густо населените подрачја со интензивен сообраќај. Тоа ќе помогне во зголемување на пристапот до инсфраструктура за полнење на електрични возила. Инаку, бројот на регистрирани електрични возила на батерии пораснал за 51% во март оваа година на 15 клучни европски пазари, што секако се должи и на актуелната криза на Блискиот исток.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија