Комората на трговски друштва за геодетски работи, деновиве обележува 18 години од формирањето. Подоле ја пренесуваме пораката упатена до нивните членови, соработници и јавноста и им посакуваме уште многу години успешно работење.
„Почитувaни Пријатели и Пријателки,
Драги Колеги и Колешки, Членови на Комората,
Овие денови Комора на трговски друштва за геодетски работи на РМ го дочекува своето полнолетство, односно ја одбележува 18-та година од основањето.
Со тоа Комората влегува во фамилијата на возрасните организации во нашата Македонија, најпрво како Комора на Овластени геодети, а од 2013 год. како нејзин правен наследник – Комора на лиценцирнаи геодетски компании.
Иако омаловажувана, исмевана, понижувана и негирана од одредени поединци, Комората сите овие 18 години се гради “цигла по цигла”, “камен по камен” во организација која пред се работи за штитење на интерсите на оние со чии глас е основана – а тоа се нејзните членки – приватните геодетски компании, кои согласно позитивните законски прописи се единствени такви во нашиот опшествен систем.
И токму членките се оние кои ја ценат, ја почитуват и ја вреднуваат работата на Комората. Да биде куриозитетот поголем, тие кои го омаловажуваат постоењето и работата на Комората, истите тие ја сметаат Комората за своја. НО … Комората не е нечија своина, ниту на еден поединец, ниту само на една компанија , а најмалку на оние кои немаат никакви допирни точки со Комората. Таа е ЕДИНСТВЕНО и САМО на оние кои ја имаат основано и тие кои сите овие 18 години ја одржуваат во живот!!!
Честититки по повод овој значаен јубилеј до сите сегашни и поранешни членови на Комората, до сите кои биле или се дел од неа, досегашни Претседатели, Членови на УО, Членови на Комисии, Членови на работни групи и сите останати. Иако Дејсноста се наоѓа во една незавидна ситуација, изразена со евидентно “стареење” на истата, како и затворање на значителен број компании, сепак овој јубилеј е значаен и вреден за истакнување!
Среќен 18ти роденден!
Gëzuar ditëlindjen e 18-të!
Happy 18th Anniversary !
НЕКА Е ВЕЧНА И УСПЕШНА РАБОТАТА!

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија